Брисел: Вонреден состанок на министрите за здравство поради Ковид-19

13.02.2020 10:31

Вчера од коронавирусот починале уште 242 лица...

Министрите за здравство на земјите-членки на ЕУ на вонреден состанок во Брисел поради кризната состојба со коронавирусот. Бројот на заболени и натаму расте и покрај преземните мерки од страна на многу земји во светот. Најголемиот број жртви се во континентална Кина каде што се изолирани десетина градови со цел да се спречи ширењето на Ковид-19. 

Во епицентарот на епидемијата, кинескиот град Вухан, се градат нови болници. Вчера починале уште 242 со што вкупниот број на смртни случаи надмина 1350. Инфицирани се речиси 60 илјади луѓе. Во провинцијата Хубеј се отпуштени уште двајца функционери поради несоодветно справување со епидемијата.

Во меѓувреме, крузерот „Вестердам“ конечно доби дозвола да се стационира во Камбоџа откако беше одбиен од пет пристаништа во Азија. Меѓу неговите патници не е откриео присуство на заразата.

На „Дајмонд принцес“ во Јапонија се има нови 200 случаи на заболени. Поради коронавирусот беа откажани многу спортски и културни настани.

Организаторите на Олимпијадата во Токио не планираат да ги презакажт Летните игри.