ГЕРМАНИЈА

Фридрих Мерц ќе се кандидира за лидер на ЦДУ

13.02.2020 11:34

Мерц е познат критичар на политиката на Меркел...

Фридрих Мерц, 64-годишена адвокат и познат критичар на германската канцеларка Ангела Меркел во нејзината конзервативна партија на Демохристијаните ќе се кандидира за претседател на ЦДУ. Од оваа позиција заминува Анегрет Крамп-Каренбауер којашто беше на функција 14 месеци.

Новиот претседател на ЦДУ ќе биде истовремено и кандидат за канцелар пред парламентарните избори планирани на крајот на 2021 година.

Според анкетите, популарноста на Христијанско-демократската унија бележи пад, но оваа партија и натаму е најпопуларниот политички блок во Германија.