ООН
Усвоена резолуцијата за примирје во Либија, Русија не гласаше
13.02.2020 14:20
14-те членки во ова тело изразија загриженост поради зголемената вклученост на војници платеници во Либија, термин кој Русија сака да се замени со странски терористички борци.
Советот за безбедност на Обединетите нации ја усвои резолуцијата за прекин на огнот во Либија. Русија се воздржа од гласањето противејќи се на неколку термини во документот подготвен од Британија.
Меѓу барањата е и безусловното продолжување на прекинот на огнот. 14-те членки во ова тело изразија загриженост поради зголемената вклученост на војници платеници во Либија, термин кој Русија сака да се замени со странски терористички борци.
По падот на Гадафи, Либија има две влади – во Триполи владее Сараџ, а истокот го контролира Либиската национална армија на Хафтар.
