Протест на полицијата во Лисабон
Неуспешен обид за влез во португалскиот парламент од страна на полицајците кои не беа на должност .
Силите на редот протестираа против владините мерки за намалување на платите, пензиите и разните бенефиции.
„Работам 27 години, тоа е многу напорно. Со моите примања не можам ниту данокот да го платам“, изјави, еден од незадоволните полицајци. - Амаро Роча, полициски службеник
По два часа турканица, униформираните полицајци ги одбија налетите на нивните колеги.

„Многу службеници почнаa да работат на други места, и поради тоа несоодветно ги вршеле нивните должности кон граѓаните“, рече Пауло Родригез, учесник на протестите. - Пауло Родригез, полициски службеник
Централно-десничарската влада на Португалија одлучи да ги намали јавните трошоци, откако во 2011-тата година позајми 108 милијарди долари, за спас на разнишаната економија.
Роберт Димковски