Продолжуваат препирките во техничката влада
По испратеното барање до Собранието за разрешување на министерката за труд и социјала Мизрахи, премиерот Спасовски очекува ВМРО-ДПМНЕ да предложи нов кандидат. Пратеничката група на опозициската партија останува во Собранието и одговара - наш предлог за министер е Мизрахи...
Се повеќе се расчистува маглата зошто Законот за јавно обвинителство треба да биде изгласан во Собранието, рече премиерот Оливер Спасовски. Убеден е дека обезбедено е потребното 2/3 мнозинство потребно за законот да биде изгласан. Тој се уште инсистира министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи да биде разрешена од фунцијата.
ВМРО- ДПМНЕ нема намера да го послуша Спасовски и да именува нов човек на местото на Мизрахи. Од партијата не коментираат директно што било пресудно да останат во собраниските клупи. ВМРО-ДПМНЕ ќе го следи развојот на ситуацијата и ќе реагира во одбрана на демократијата и интересите на граѓаните, било одлучено на седницата на Извршниот комитет.
Спикерот Џафери е неизвесно дали воопшто ќе закаже седница за разрешување на министерката Мизрахи, имајќи предвид дека Собранието се распушта на 16-ти февруари, а дотогаш приоритетен за власта е Законот за обвинителството.
Миле Ристески
