Претседателот Пендаровски ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција
14.02.2020 10:19
Пендаровски ќе оствари и повеќе средби со дел од учесниците на собирот. Ова е една од најзначајните глобални конференции посветени на безбедноста и одбраната.

Претседателот Стево Пендаровски, од денеска до 16-ти февруари ќе учествува на 56-та Минхенска безбедносна конференција. В недела ќе има обраќање, а претходно ќе говори и на тркалезната маса „Балкански дијалози“.
Пендаровски ќе оствари и повеќе средби со дел од учесниците на собирот. Ова е една од најзначајните глобални конференции посветени на безбедноста и одбраната.
Годинава ќе учествуваат повеќе од 500 светски лидери, претседатели, премиери, министри, претставници на бизнис секторот, невладиниот сектор и на академската заедница.
