Финансиска поддршка

Субвенции за органско производство

14.02.2020 10:43

Земјоделците кои се занимаваат со органското производство имаат право од 30 до дури 100 проценти поголеми субвенции од другите фармери. Овој вид храна се повеќе сѐ бара како на пазарите во светот, така и во нашава земја...

Органското производство финансиски се поддржува со 30 проценти повеќе од примарното, а откупувачите, трговците и извозниците имаат право и на дополнителни 5 проценти од вредноста на продадените производи.

И годинава органските градинари ќе добиваат повисока финансиска поддршка за 100, а лозарите и овоштарите дури за 70 проценти.

Дополнително имаат право и на половината од трошоците за сертификатот за органски производи. Трошоците за стручната контрола и за сертификацијата, државата ги покрива со 50 проценти, а со 70 за анализи на својствата на почвата, односно откривање на остатоци од пестициди, тешки метали и други штетни материи.

По 3.500 денари за хектар им следуваат и за нивите на кои се користи зеленото ѓубриво и за земјиште оставено за следната година за одгледување на друга култура.

Во државава има регистрирани вкупно 3.100 хектари со органско производство и 480 производители.

 

Методија Трајков