Расте бројот на жртви од Коронавирусот
Според најновите податоци, починати се 1.383 луѓе, а се регистрирани 5.090 нови случаи, што е рекорден број. Заразни се вкупно 64.435 лица во повеќе од 25 земји низ светот, а меѓу заболените во Кина има сѐ повеќе медицински лица.

Континуирано расте бројот на смртни случаи од Коронавирусот. Според најновите податоци, починати се 1.383 луѓе, а се регистрирани 5.090 нови случаи, што е рекорден број. Заразни се вкупно 64.435 лица во повеќе од 25 земји низ светот, а меѓу заболените во Кина има сѐ повеќе медицински лица.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека САД се сериозно загрижени за ширењето на Коронавирусот во Северна Кореја. Оттаму додаваат дека се подготвени да им помогнат на американските и меѓународните организации во борбата против Коронавирусот, охрабрувајќи ја работата на американските и меѓународните хуманитарни и здравствени организации.
