Денеска е Свети маченик Трифун - заштитник на градинарите и на лозарите
Меѓу поголемите празници кои македонскиот народ ги празнува со многу обичаи спаѓа и Свети Трифун, празник главно познат по обредното закројување на лозјата. Едни го сметаат за последен од зимските, а други за прв од пролетните празници...

Светиот маченик Трифун е роден во Капсада, Фригија, близу до градот Апамеја. Во детството чувал гуски, но уште тогаш се истакнал со своите исцелителни моќи.
Лечел луѓе од различни болести и од нив ги бркал лошите демони. За неговите чуда се расчило надалеку, па бил повикан во Рим, кај царот Гордијан, да ја излекува неговата ќерка, која страдала од душевна болест. Св.Трифун ја излечил и се стекнал со уште поголема слава.
Со маченичка смрт умрел за време на царот Децие. Бил повикан од обласниот римски намесник, да се откаже од Исуса Христа. Тој одбил, поради што бил многу измачуван и бил осуден да му биде отсечена главата со меч. Тој се молел на Бога да му ја земе душата и пред да се случи тоа, на местото на егзекуцијата, се упокоил на 14-ти февруари 248 година.
Се смета за заштитник на лозјата и градините, па во негова чест, на 14-ти февруари се започува со кроење на лозјата.
