Училиштен информатор: Традиција и обичаи за празникот Св. Трифун
Активностите има за цел негување на традицијата како и развивање на свеста за мултикултурализам...

Најмалите и најмилите од детската градинка „Ацо Караманов“ од Радовиш реализираа интересни активности по повод празникот на лозарите. Раскажаа за традициите и за обичаите за празникот Св. Трифун.
Децата од 3- 6 годишна возраст од Центрите за ран детски развој „Сонце“ – Шеин Маале; „Златна Рипка“ – c. Јаргулица; „Здравец“ – с. Покрајчево и „Буба Мара“ – с.Подареш од Радовиш се запознаа со традиционалните обичаи на лозарите кои се одбележуваат на Св. Трифун.
Активностите има за цел негување на традицијата како и развивање на свеста за мултикултурализам.
За таа цел децата активно учествуваа во разговорите на тема традиција, обичаи и лозарство. Изработија венчиња (од хартија во боја) и сите заедно сликаа на хамер со темперна бои, користејки ги дланките и прстите.
Излегоа во природа, ги посетија лозјата и набљудуваа како се крои и како се врзува виновата лоза. Дел од децата облечени во народна носија, играа и пееја македонски народни песни.
На крај сите заедно со воспитувачките дегустираа дел од производите коишто се прават од грозје. Пробаа блага погача со суво грозје, слатко од грозје, сок и маџун.
Радмила Гиевска
