Политика

Спасовски: Сите договорени закони мора да се донесат

14.02.2020 11:31

Сите законски решенија кои што се договорени мора да се донесат пред да се распушти Собранието, вели премиерот Спасовски. Имаме коректни релации со ДУИ. Убеден сум дека ќе го финализираме договореното и ќе одиме на избори...

Сите законски решенија кои што се договорени мора да се донесат пред да се распушти Собранието, вели премиерот Спасовски. Имаме коректни релации со ДУИ. Убеден сум дека ќе го финализираме договореното и ќе одиме на избори. Не сакаше да зборува за формирање евентуално ново парламентарно мнозиство, бидејќи, како што рече, ќе се испочитува договореното, ќе бидат усвоени законските решенија по што ќе се оди на избори.

„Ние имаме коректни односи со ДУИ и очекувам дека така како што ја започнавме коалицијата така и ќе ја завршиме во однос на овие законски решенија. Затоа очекувам тие да бидат донесени и оти нема да имаме дополнително неразбирливи одложувања за да може да дојдеме до она за што се имаме договорено – да се финализираат овие законски решенија и да одиме на избори“, изјави премиерот Спасовски.

Ако дојде до тоа да бидат опстуирани решенијата, додаде Спасовски, дури тогаш може да се зборувва за евентуално формирање ново парламентарно мнозинство.