Разрешувањето на Мизрахи на 136. собраниска седница
14.02.2020 11:15
Предлогот за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи е ставен за денеска на собраниска седница...
За денеска е закажана и собраниската седница за предлогот за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи. Претходно, нејзино разрешување побара премиерот Оливер Спасовски, со образложение дека Мизрахи го крши уставот со тоа што не го почитува уставното име на земјата.
Спасовски очекува, ВМРО-ДПМНЕ да предложи нов кандидат. Од пратеничката група на опозициската партија велат- наш предлог за министер е Мизрахи.
