Тенис

Пораз на Ѓорчевска

07.03.2014 13:14

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорчевска не успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на ИТФ Фјучерс турнирот во Анталија, вреден 10.000 долари.

Претпладнево во четвртфиналето Ѓорчевска е поразена од квалификантката од Словачка, Викторија Кузмова во два сета, со 6-4 и 6-2.

Нашата тенисерка беше елиминирана на стартот во конкуренција на двојки, додека Кузмова во претходното коло ја мина првата фаворитка од Грузија, Екатерена Горгодзе , која и го предаде мечот.     