Коронавирус: Пуштени 181 лице од карантин во Франција
Друга група, од 157 лица, која се наоѓа на југот на Франција, сè уште е во карантин, од кои 122 ќе бидат пуштени на 16-ти февруари, а останатите на 23-ти.

Првата група француски државјани, кои беа евакуирани од кинескиот град Вухан, по две недели се пуштени од карантин. Никој од вкупно181 лице не е позитивен на вирусот.
Друга група, од 157 лица, која се наоѓа на југот на Франција, сè уште е во карантин, од кои 122 ќе бидат пуштени на 16-ти февруари, а останатите на 23-ти.
Во Франција се регистрирани 11 случаи на коронавирусот. Во меѓувреме, континуирано расте бројот на смртни случаи. Според најновите податоци починати се 1.383 луѓе, а регистрирани се 5,090 нови случаи.
Заразни се вкупно 64.435 лица во повеќе од 25 земји низ светот, а меѓу заболените во Кина има се повеќе медицински лица.
