Најмалку 21 жртва при лавини во Авганистан
14.02.2020 13:53
Во лавините се уништени околу 50 куќи. Спасувачките тимови бараат преживеани. Поголем број патишта се затворени поради опасност од нови лавини.
Најмалку 21 лице загина во серија лавини што ја погодија, аганистанската централна провинција Дајкунда. Според портпаролот на министерството за вонредни ситуации, седум лица се водат како исчезнати, а десетина се повредени.
Во лавините се уништени околу 50 куќи. Спасувачките тимови бараат преживеани. Поголем број патишта се затворени поради опасност од нови лавини.
Оваа зима во тој дел на Авганистан има обилни снежни врнежи, лавини и поплави, поради што во последните неколку месеци настрадаа вкупно 72 лица.
