ДУИ: Поддршка за законите, нема проблеми со СДСМ
„ДУИ очекува изборите да се одржат на 12 април и Собранието да се распушти до недела со усвоени закони“, рече денеска на прес-конференција во Собранието координаторот на пратеничката група на ДУИ Артан Груби. Aпелира до останатите парламентарни партии законите да се донесат ако може уште денес.
ДУИ ги поддржува сите закони во Собранието, вклучително и Законот за јавно обвинителство. Не го условува неговото изгласување со ништо, изјави Артан Груби. Интегративците очекуваат тие да се донесат, и во недела да се распушти Собранието.
„ДУИ очекува изборите да се одржат на 12 април и Собранието да се распушти до недела со усвоени закони“, рече денеска на прес-конференција во Собранието координаторот на пратеничката група на ДУИ Артан Груби. Aпелира до останатите парламентарни партии законите да се донесат ако може уште денес.
Груби тврди дека нема никакви недоразбирања со коалицискиот партнер СДСМ, а вчерашното кочењe на собраниската седница било поради некоординираност на пратеничките групи.
ДУИ не го условува со ниту еден закон, процедура или прашање донесувањето на законот за ЈО, нагласи Груби.
