„Живот во тесни чевли“ премиерно во Драмски

07.03.2014 13:18

Оваа претстава говори за еден сегмент од нашето живеење, за група стечајни работници кои во транзицијата ги изгубиле работните места...

Претставата „Живот во тесни чевли“ од Душан Ковачевиќ, а во режија на Ненад Витанов вечер премиерно ќе биде изведена во Драмскиот театар-Скопје. Играат Драган Спасов-Дац, Марија Кондовска, Ѓокица Лукаревски, Ванчо Петрушевски, Душица Стојановска, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Зоран Љутков...
 
„Оваа претстава говори за еден сегмент од нашето живеење, за група стечајни работници кои во транзицијата ги изгубиле работните места, но не се откажуваат и се обидуваат по секоја цена да се изборат за сопствените права. Има една современа и социјална димензија“, информира в.д. директорот на Драмскиот театар, Роберт Вељановски.
 
Ова е еден од поновите текстови на Душан Ковачевиќ, досега двапати поставуван, во Белград и во Истанбул. Во Македонија текстот е првпат поставен.