Советот на Европа испраќа набљудувачи на изборите
Советот на Европа организира предизборна мисија на 6-члена делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа, којашто ќе ја посети земјава во периодот 11-13 март 2014 година. Предизборната мисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа е организирана во согласност со одлуката на Парламентарното собрание да испрати своја набљудувачка мисија на претседателските избори.

Шест пратеници од Парламентарното собрание на Советот на Европа, Стефан Шенак од Австрија, Александер Сидијакин и Василиј Ликачев од Руската Федерација, Маргус Хансон од Естонија, и Шабан Дисли од Турција пристигнуваат во вторник во Македонија. Делегацијата ја предводи Британецот Роберт Валтер, известувач за нашата држава во Советот на Европа.
Зоран Богатинов