Ново рочиште за случајот „Рекет“
17.02.2020 10:58
Во петокот јавноста беше исклучена поради тоа што се пуштаа снимки кои содржат материјали кои според судијката, би изнеле содржини од приватниот живот на дел од обвинетите.
Во скопскиот Кривичен суд ново рочиште за предметот „Рекет“. Во петокот јавноста беше исклучена поради тоа што се пуштаа снимки кои содржат материјали кои според судијката, би изнеле содржини од приватниот живот на дел од обвинетите.
Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а поранешната специјална обвинителка Јанева за „примање награда за противзаконито влијание“. Јанева се товари и дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
