До изборите останува празно министерското место во труд и социјала

17.02.2020 11:22

Дека нема да има замена на техничката министерка Рашела Мизрахи, потврди и лидерот на партијата Мицкоски. Тој рече дека Мизрахи била разрешена бидејќи го открила противзаконското работење на нејзината претходничка Мила Царовска...

ВМРО-ДПМНЕ не предложи ново име за министерското столче во Министерството за труд и социјала.

Дека нема да има замена на техничката министерка Рашела Мизрахи, потврди и лидерот на партијата Мицкоски. Тој рече дека Мизрахи била разрешена бидејќи го открила противзаконското работење на нејзината претходничка Мила Царовска.

Заменик- министерката Санела Шкријељ ќе го води ресорот до изборите. Мизрахи беше разрешена од Собранието, по барање на премиерот Спасовски бидејќи, како што образложи, не го почитувала Уставот.