Иран
Рохани: Нема да преговараме со САД под притисок
17.02.2020 11:24
Иранските власти не се согласуваат на нова спогодба туку бараат САД да се вратат на пактот од 2015 година и да ги укинат санкциите...
„Иран нема никогаш да преговара со САД под притисок“, порача претседателот Хасан Рохани, нагласувајќи дека Иран има исклучително важна улога за безбедноста на Блискиот Исток.
Вашингтон сака да преговара за нов договор за да се ограничи дополнително нуклеарната програма на Техеран. Но, иранските власти не се согласуваат на нова спогодба туку бараат САД да се вратат на пактот од 2015 година и да ги укинат санкциите.
Пред две години, претседателот Доналд Трамп одлучи да се повлече од Нуклеарниот договор потпишан со шест светски сили.
