Голем број Срби бараат азил во Германија
Со 18.001 барање, Србија е прва земја по бројот на подносители на барања за азил во Германија лани, што е пораст за повеќе од 40 отсто во однос на 2012-та година. Тој пораст почна по укинувањето на визите за Србија, Македонија и Црна Гора, кои патуваат во земјите од Шенген зоната на крајот на 2009-та. Во текот на таа година само 581 лице од овие земји побарало азил во Германија, но неколку години подоцна драстично се зголемил тој број. Најголем дел од барателите се од ромска националност, а се решаваат на тој чекор поради лошите услови за живот во нивните матични земји.