Горивата поскапуваат за половина денеар
17.02.2020 12:13
Еуросупер БС-95 ќе чини 66, додека 98-цата- 68 денари за литар. Еуродизелот ќе изнесува 58 денари. Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 46,5 денари, додека мазутот 33,140 денари за килограм.

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензинитеи дизелот се зголемуваат за половина денар. Еуросупер БС-95 ќе чини 66, додека 98-цата- 68 денари за литар. Еуродизелот ќе изнесува 58 денари. Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 46,5 денари, додека мазутот 33,140 денари за килограм.
Клучните фактори што влијаат на крајната цена се курсот на денарот во однос на доларот и референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, велат од Регулаторната комисија за енергетика.
