Со премиера Прилепскиот театар одбележува 70 години

17.02.2020 12:59

Со вечерашната премиера на претставата „Лажговци“ почнува одбележувањето на 70 годишнината од постоењето на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“. Воедно, во чест на јубилејот, утре е музичко- сценскиот спектакал и почнува неделата на театарот...

Со премиерата на „Лажговци“ прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ го почнува одбележувањето на големиот јубилеј – 70 години постоење. Претставата е 36- та што режисерот Коле Ангеловски ја работи со ансамблот. За актерите соработката со режисерот значи многу, зашто претставите се меѓу најгледаните.

Утревечер на денот кога пред 70 години е одиграна првата претстава „Кир Јања“, актерите со групата „The Hounds“ ќе приредат сценско- музички спектакл.

Цела недела ќе се одржуваат претстави. Во театарот е отворена изложба на фотографии на најдобри претстави и наградени актери низ годините.

Во 70 години, театарот имал околу 370 премиери, над 7.500 претстави кои ги гледале околу 1.600.000 посетители.

 

Елизабета Митреска