МВР
Нова методологија за издавање пасоши
17.02.2020 13:08
Владата на последната седница го задолжи министерот Чулев да утврди механизам, односно методологија и критериуми како ќе се издаваaт пасоши до 24-ти март...

Министерството за внатрешни работи денеска ќе објави на кој начин и како ќе се издаваат патните исправи.
Владата на последната седница го задолжи министерот Чулев да утврди механизам, односно методологија и критериуми како ќе се издаваaт пасоши до 24-ти март, до кога треба да пристигне наредната пратка од германската фирма задолжена за изработка на обрасците.
Министерот пред неколку дена обелодени дека околу 15 илјади граѓани се на листата за чекање за издавање пасош, а службите располагаат со само 5 илјади обрасци.
