Кривичен суд

Ново рочиште за „Рекет“, се презентираа докази обезбедени со ПИ- мерките

17.02.2020 14:41

Во скопскиот Кривичен суд, ново рочиште за предметот „Рекет“. Со одлука на Судот, се презентираат доказите обезбедени со ПИ- мерките. Обвинителката Вилма Рускоска рече дека нема приватни разговори или нешто што може да открие приватни детали. Следењето со наредба на Обвинителството е направено од 21-ви јуни до 21-ви јули лани, а следени се Бојан Јовановски и Зоран Милески...

Се прикажуваа снимки како биле следени од МВР во Охрид, Зоран Кичеец, во клуб со негов пријател и 25 годишни девојки, а во Скопје, пак, првообвинетиот Бојан Јовановски неколкупати во МНТ, во ресторанот „Лајт“. Цело време како совозач во Ренџ Ровер. Бил снимен и во Тафталиџе кај родителите, во „Ребека“, продавница за накит, на паркинг пред клиниката „Жан Митрев“.

На први јули минатата година се упатил на улицата кадешто живееше Катица Јанева. Но со ова, според одбраната на Јанева, не се докажува ништо.

Доказите од ПИ- мерките кои обвинителката русковска ги читаше, најчесто не беа покривани со видео снимки на што реагираше одбраната на Јовановски. Досега не се случило, велат, да не соодветствува толкувањето на снимките без нивна поддршка.

Дуковски посочи дека нема никаков одговор за барањето за преиначување на мерката притвор за Јовановски. На претходното рочиште се изведуваа докази снимени од Кичевскиот, а јавноста беше исклучена од седницата.

 

Фиљана Кока