Сирија: Армијата воспостави контрола во северниот дел на Алепо

18.02.2020 11:08

Со поддршка на руското воено воздухопловство, сириската армија од почетокот на годината се обидува да ги заземе руралните делови на покраината Алепо и делови од соседната покраина Идлиб, каде се наоѓаат последните бунтовнички упоришта.

Сириската армија презела целосна контрола над десетици градови во северозападниот дел на покраината Алепо и најави продолжување на офанзивата за елиминирање на џихадистичките групи.

Со поддршка на руското воено воздухопловство, сириската армија од почетокот на годината се обидува да ги заземе руралните делови на покраината Алепо и делови од соседната покраина Идлиб, каде се наоѓаат последните бунтовнички упоришта.

Иако Русија и Турција во јануари договорија прекин на огнот во тие области, сириската армија со помош на своите сојузници – Русија и Иран продолжува да напредува кон Идлиб.