Велика Британија: Најмалку три жртви во невремето „Денис“

18.02.2020 12:02

Жителите на Велс и западниот дел на Англија ги расчистуваат последиците од невремето што ги поплави патиштата, железниците, домовите и го наруши сообраќајот низ Велика Британија.

Три лица загинаа во невремето „Денис“ во Велика Британија, кое предизвика големи поплави. Метеоролозите соопштија дека нивото на реките и понатаму ќе расте, најмногу во делови од северна Англија.

Жителите на Велс и западниот дел на Англија ги расчистуваат последиците од невремето што ги поплави патиштата, железниците, домовите и го наруши сообраќајот низ Велика Британија.

Во Германија пак, повредени се девет лица. Невремето предизвика проблеми и во сообраќајот на траекти меѓу Данска и Норвешка.