Цвеќе во водите на Вардар за спомен на жените жртви на насилство
Со фрлање цвеќе во водите на Вардар денеска напладне од Камениот мост во знак на сеќавање на жените жртви на насилство амбасадорите на земјите членки на ЕУ и претставници на други меѓународни организации го одбележаа Денот на жената.
Церемонијата е организирана од Делегацијата на ЕУ во Скопје со цел симболично преку цвеќињата да се пренесе пораката дека жените во иднина треба да бидат ослободени од секаков облик на насилство.

Во последниот извештај од обемното истражување за насилството врз жените во ЕУ спроведено од европската Агенција за фундаментални права се наведува дека „насилството врз жените ги нарушува нивните основни права како правото на достоинство, пристапот до правда и половата еднаквост. Воедно, се посочува дека секоја трета жена искусила физичко или сексуално насилство од 15-та година, една од 15 жени доживеала демнење, а секоја втора жена била соочена со некоја форма на сексуално насилство“.
- Ова создава слика на постоење широка злоупотреба што ги засегнува животите на многу жени, но и дека е појава за која систематски не се даваат извештаи до власите, се вели во соопштението од Делегацијата на ЕУ во Скопје.
Борбата против семејсното насилство, како и другите форми на насилство врз жените низ целиот свет е цел која ја споделува меѓународната заедница и е високо на агендата на ЕУ. Секојдневно жени умираат од семејно или друга форма на насилство.