Милановиќ официјално стана нов претседател на Хрватска

18.02.2020 13:54

Новиот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ денеска ја презема функцијата од претседателката во заминување Колинда Грабар- Китаровиќ.

Зоран Милановиќ и официјално е нов претседател на Хрватска, откако точно напладне со давање свечена заклетва се обврза дека функцијата ќе ја врши совесно и одговорно.

Во говорот Милановиќ кажа дека за време на својот мандат ќе работи на обединување на цела Хрватска и дека ќе гради добри односи пред се со соседните држави. Тој се осврна и на потребата за унапредувањето на демократијата

Независноста на медиумите, судството и научната јавност е од клучно значење во борбата против тиранијата. Патриотизам е афирмација на вредности кои не прават подобро општество. Наша цел е ниеден граѓанин да не се чувствува исклучен од општеството – кажа Милановиќ.

Милановиќ е петтиот претседател на независна Хрватска. Беше избран на функцијата на 5-ти јануари годинава, откако во вториот круг од претседателските избори ја победи Грабар- Китаровиќ.