Формирано Студентско собрание при УКЛО
Со првата од планираните пет панел дискусии новоформираното тело при битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ го означи својот почеток со работа. Целта е потемелно да се детектираат проблемите со кои се соочуваат студентите и со свои предлози и дискусии да излезат од лавиринтот на досегашната зачмаеност...
Новоформираното универзитетско студенско собрание е најсвежата алатка да се слушне гласот на студентите од битолскиот универзитет. Целта ни е да придонесеме студентите погласно да го искажуваат своето мислење, да делуваат проактивно токму за најгорливите проблеми со кои се соочуваат. Неспорен факт е дека тие се присутни, почувајќи од самиот наставен процес па сѐ до сместувачките услови на студентот, велат членовите на ова Собрание. Од самата активност на студентите ќе зависи и каков ќе биде каналот на комуникација со надлежните.
Дел од проблемите веќе испливаа уште на првата панел дискусија насловена „Активизам“. Очекуваат тие да добиваат на динамика, а процедурите за нивно решавање ќе одат преку органите на Студенското собрание.
Според програмата, ќе бидат одржани уште четири панел дискусии со цел да бидат опфатени околу 6.000 активни студенти на универзитетот „Св. Климент Охридски“, распоредени во 11 високообразовни установи.
Стевче Митревски
