Мицкоски најави инвестиции во патишта, од СДСМ велат - препишал од нив
Мицкоски најавува две милијарди евра инвестиции во патишта. Од СДСМ велат - препишал од нив. Најголемите партии ги најавија своите изборни програми. Во почетокот на март ќе се знаат носителите на изборни листи...
Нема развиена економија без добра инфракструктура, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ промовирајќи 12 проекти од областа на транспортот и инфраструктурата. Мицкоски најавува целосна реконструкција на повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта. Истакна дека ќе бидат вложени вкупно 2 милијарди евра за овие инвестиции. 300 милиони евра се планираат за водоводна мрежа, нови возови, евтини авио летови, дигитализација на катастарот.
Мицкоски комплетно ја препишал програмата на СДСМ за инфраструктурни проекти, одговорија од СДСМ. За 11 години изградија само 10 километри автопат, а започнатото мораше да се корегира, вели партискиот портпарол Костадинов.
Правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ сеуште ја анализира постапката при гласањето во Парламентот за Законот за јавно обвинителство. Мицкоски повторува дека не се почитувал Уставот и Деловникот за работа.
Законот за јавно обвинителство гарантира независен правосуден систем, велат од СДСМ. Сега, правосудните органи се на потег да ја обезбедат правната држава и да ги завршат сите започнати судски постапки, рече Снежана Калеска-Ванчева.
И власта и опозицијата на помалку од два месеци пред изборите убедени се во победа и дека ќе понудат програми во фунција на граѓаните.
Миле Ристески
