Документарен филм за мексиканскиот поет Хосе Емилио Пачеко наскоро на МРТ

07.03.2014 13:53

Завршува последната фаза од пост-продукцијата на докуменатрниот филм за животот и творештвото на еден од највлијателните современи автори од шпанското говорно подрачје...

Документарната програма на Македонската Телевизија ја завршува последната фаза од пост-продукцијата на докуменатрниот филм за животот и творештвото на еден од највлијателните современи автори од  шпанското говорно подрачје, мексиканскиот поет Хосе Емилио Пачеко. 
 
На последите Струшки Вечери на Поезијата, Пачеко беше погласен за лауреат и добитник на престижната награда Златен Венец. 

Македонската Телевизија го искористи неговото присуство на Струшките Вечери на Поезијата каде беше снимено интервју со овој голем и потврден поет, како и искажувања за неговото творештво од значајни македонски и странски
авторитети во книжевноста. 

Официјална промоција  на овој  документарен филм ќе биде оргазнизирана во соработка со Струшките Вечери на Поезијата, а наскоро ќе имате можност да го видите и на Првиот Програмски Сервис.

Сценариото на документарниот филм за Пачеко е на Диме Ратајковски, а монтажата на Ирена Белул.