Либија: Суспендирани преговорите за прекин на огнот

19.02.2020 10:25

Во соопштението од владата се наведува дека либиските сили цврсто ќе одговорат на нападот во соодветен момент.

Меѓународно признаената влада во Либија ги суспендираше преговорите за прекин на огнот под покровителство на ОН во Женева. Одлуката е донесена по најновиот напад на пристаниште во главниот град Триполи.

Во соопштението од владата се наведува дека либиските сили цврсто ќе одговорат на нападот во соодветен момент. Според информациите, во нападот е погоден магацин, но ниту еден од бродовите.

Пристаништето во Триполи е отворено за увоз на храна и други производи откако почна кампањата за преземање на Триполи минатата година.