Кина

Опаѓа бројот на заразени со Коронавирус

19.02.2020 10:40

Ројтерс наведува дека бројот на нови потврдени случаи на коронавирус во Хубеј е најмал од 11-ти февруари и дека е втор ден по ред со цифра помала од 2.000.

Бројот на починати од новиот коронавирус во централната кинеска провинција Хубеј порасна на 132 и достигна бројка од 1.921. Забележани се 1.693 нови случаи на заболувања во оваа провинција, епицентарот на епидемијата, со што вкупниот број на заразени порасна на 61.682 лица.

Ројтерс наведува дека бројот на нови потврдени случаи на коронавирус во Хубеј е најмал од 11-ти февруари и дека е втор ден по ред со цифра помала од 2.000.

Најмногу смртни случаи има во главниот град на провинцијата, Вухан.