Вашингтон
Трамп го помилува Благојевич
19.02.2020 11:59
Благојевич, кој беше осуден на 14 години затвор за корупција, е пуштен 4 години пред да има право на условна слобода.
Поранешниот гуверенер на Илиноис со српско потекло, Роб Благојевич, излезе од затвор откако беше помилуван од претседателот Трамп. Благојевич, кој беше осуден на 14 години затвор за корупција, е пуштен 4 години пред да има право на условна слобода.
По излегувањето од затвор, поранешниот гувернер истакна дека длабоко и вечно ќе му биде благодарен на Трамп за одлуката да му ја преименува казната, додавајќи дека научил многу за кривичниот систем и колку тој може да биде неправеден.
