Јокохама

Почна истоварот на патниците од „Дајмонд Принцес“

19.02.2020 13:01

По двонеделен карантан повеќе стотици патници се истоварија од крузерот „Дајмонд Принцес“ закотвен во јапонскиот град Јокохама. Здравствените власти уверуваат- оние што заминуваат се со негативни резултати на вирусот. На бродот беа потврдени 540 случаи на заразени мегу 3.700 луѓе...

По 14 дена во карантин во пристаништето во Јокохама, почна истоварот на првите патници од крузерот „Дајмонд Принцес“ на кој беа утврдени 540 случаи на Коронавирусот. Бродот го напуштија 500 лица кои не покажале симптоми на вирусот. Јапонското Министерство за здравство соопшти дека нивните тестови биле негативни и дека тие немале никаков контакт со заболените лица.

„Патниците што ги исполнуваат условитетреба да го напуштат бродот, по неколку стотици дневно во наредниве три дена“, изјави Јошихико Суга, главен секретар на кабинетот на Јапонија.

Од патниците е побарано да ја следат состојбата во следните неколку дена и да ги известат локалните власти доколку покажат некакви симптоми.

За време на карантинот воопшто не било спречено ширењето на „Ковид 19“ меѓу патниците и членовоте на екипажот. Сѐ уште се чекаат резултатите за дел од нив тестирани на новиот коронавирус.

Јапонската  влада се соочи со критики заради одуката патниците да останат на бродот, кој го нарекуваат „совршен инкубатор“ за вирусот.

Првата евакуација од бродот се случи во неделата кога 30-тина американци беа префрли во земјата. За тоа се подготвуваат и други држави да ги преземат своите граѓани кои ги очекува уште двонеделен карантин. Екипажот и персоналот, според протоколот, ќе остане на крузерот уште две недели до симнување на последниот патник.

Во меѓувреме бројот на починати од новиот вирус во централната кинеска провинција Хубеј порасна на 132 и достигна бројка од 1.921. Забележани се 1.693 нови случаи на заболувања во оваа провинција, епицентарот на епидемијата, со што вкупниот број на заразени порасна на 61.682 лица.

Ројтерс наведува дека бројот на нови потврдени случаи на коронавирус во Хубеј е најмал од 11-ти февруари и дека е втор ден по ред со цифра помала од 2.000. Најмногу смртни случаи има во главниот град на провинцијата, Вухан.

 

Марина Ристова