Сѐ помалку деца се јавуваат на СОС телефоните
На СОС телефонот во Детската амбасада најголем број јавувања за семејно и врсничко насилство, и прекршување на детските права во бракоразводна постапка. Од „Меѓаши“ велат- децата се плашат од директни телефонски контакти, најчесто за проблемите комуницираат преку социјалните мрежи...
На СОС телефонот на Детската амбасада, најголем број јавувања имало за барања за финансиска и материјална помош, а веднаш потоа се пријавите за прекршувања при бракоразводна постапка, потоа семејно и врсничко насилство. За една година се јавиле 113 лица, но најмалку деца, а бројот постојано опаѓа.
Од „Меѓаши“ велат, директните контакти со нив најчесто ги остваруваат преку социјалните мрежи. Сметаат дека немаат доверба во институциите. Од „Меѓаши“ бараат поддршка од владата и бесплатна СОС линија, за полесна комуникација на децата со стручниот тим.
Стручен тим од психолози, педагози и социјални работници и волонтери од овие профили, би можеле да им дадат совет и можни алтернативи за решавање на проблемот за кој се јавиле, велат од „Меѓаши“ и ги охрабруваат децата да пријавуваат каков било вид за кршење на нивните права.
Александра Спировска
