Костадинов: „Бомбите“ на Милошоски се манипулација за јавноста
Јас сум цврсто убеден дека не станува збор за никакво компромитирање на претседателот на партијата. Напротив, би рекол дека станува збор за сериозен страв и паника кај поранешниот колега Антонијо Милошоски- изјави портпаролот на СДСМ, Костадинов, откако Милошоски и ги предаде на обвинителката Рускоска материјалите кои ги добил од укажувач...
Од СДСМ велат Милошоски да си најде адвокат. Според портпаролот Костадинов, ќе му треба за сите лаги што ги кажал на собраниската говорница.
„Јас сум цврсто убеден дека не станува збор за никакво компромитирање на претседателот на партијата. Напротив, би рекол дека станува збор за сериозен страв и паника кај поранешниот колега Антонијо Милошоски по донесување на Законот за јавно обвинителство. Знаете, во Собрание човекот беше избезумен“, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Му порача, наместо да пробува да прави било какви „драмолетки“ во јавноста и да ги манипулира граѓаните, нека си спреми добри адвокати, затоа што ќе му требаат.
Антонијо Милошоски претпладнево ѝ ја предаде аудиоснимката што ја добил од укажувач на обвинителката Рускоска, на која се претпоставува дека се слуша гласот на поранешниот премиер Зоран Заев.
