Николоски: Зоран и Вице Заев два дена бегаат од одговорите што разговарале со осомничените во случајот „Рекет“

19.02.2020 14:23

Од опозициската партија велат дека „Рекет“ не е изолиран случај или системски пропуст како што сакала да го претави власта, туку станува државен рекет каде што се вмешани поранешниот премиер и неговиот брат.

„Зоран и Вице Заев два дена бегаат од одговорите што разговарале со осомничените во случајот Рекет“, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија велат дека „Рекет“ не е изолиран случај или системски пропуст како што сакала да го претави власта, туку станува државен рекет каде што се вмешани поранешниот премиер и неговиот брат.

„Два дена имаме целосен молк од  Зоран Заев и Вице Заев. Не објаснуваат што зборувал Зоран Заев на средбата со Катица Јанева во август. Откако веќе на целата македонска јавност и беше познато за случајот „Рекет“ и беа објавени во јавноста снимките во кои што се гледа торбата Луј Витон. И што правел во текот на месеците јуни и јули братот на премиерот Вице Заев заедно со Зоран Милески Кичеец. Ако е вистина дека Зоран Заев го пријавил прв случајот како тогаш се гледал тој и неговиот брат со главните осомничени во случајот во кој што тој прв го пријавил“, изјави Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Она што можеме да го ветиме е дека по промената на 12-ти април детално ќе се истражи „Рекет“, и јавноста ќе добие одговор низ докази и факти кој е на врвот на „Рекет“. На врвот на „Рекет“ не се овие тројца кои што сега ги гледаме во судскиот процес, тие се само извршителите- рече Николоски на прес конференцијата.  Очигледно е дека наредбодавците и нарачателите, мозокот на целата акција е врвот на СДСМ и семејството Заеви, нагласи тој.