Сајбер насилството мора да се превенира
Како да се превенира сајбер насилството, особено меѓу младите, кое, за жал, стана секојдевие. Подигнување на свеста, работа на родителите со децата, институциите да укажуваат со обуки - се дел од препораките на стручњаците. Прилепскиот центар за социјални работи годишно забележал 10-ина пријави за сајбер насилство, кое прво почнува со вербално и преминува во физичко. Прилепската гимназија со трибини и чекори на превенција кај средношколците...

Прво банална објава на социјалните мрежи, па потоа физичко насилство, психички проблеми, растројство и ескалирање на проблемот. Така, велат од прилепскиот Центар за социјални работи, почнува сајбер насилството, особено меѓу младите. Има пријави, но прашање е колку се кријат работите за да не биде доцна.
Свеста за употребата или злоупотребата на социјалните мрежи кај нас е на многу ниско ниво. Родителите се клучни кои треба да знаат како нивните деца ги употребуваат социјалните мрежи.
Најчести кривични дела се злоупотребата на личните податоци, производството и употребата на детска порнографија, велат од МВР. Неопходни се укажувањата, сѐ да се пријави.
Прилепската гимназија со чекори и трибини. Велат, нема пријавено сајбер насилство, но мора интензивно превентивно да се дејствува.
Стручњаците нагласуваат- внимавајте на децата кога се на социјалните мрежи.
Елизабета Митреска
