МВР

До 24-ти март патни исправи само за најитните случаи

19.02.2020 15:04

Додека не се најде чаре со обрасците за лични документи, ќе се издаваат пасоши само за итни случаи, за лекување во странство или за важни меѓународни патувања. Министерот за внатрешни работ Чулев вели, барателите мора да поднесат документација до порачните одделенија за управни работи во општината. За состојбите повторно го впери прстот кон премиерот Спасовски...

Граѓаните загрижени, властите уверуваат- се прават напори да се одблокира издавањето патни исправи. Министерот за внатрешни работи, Чулев повтори, ќе се издаваат само за итните случаи за лекување во странство или за важни меѓународни патувања, но барателите ќе мора да поднесат документација до подрачните одделенија за управни работи во својата општина, со која јасно ќе биде потврдена нивната итна потреба од пасош, по овие основи. Другите лица ќе го почекаат 24-ти март, кога ќе пристигнат 100 илјади образци.

Чулев апелираше до Владата уште еднаш да ја разгледа опцијата што ја нуди- проблемот да се надмине со удирање печат во пасошите за продолжување на важноста на документот.

Се прават напори пасошите да пристигнат порано од 24-ти март, барем десет дена, вели Чулев, но кога и да пристигнат тој ветува дека ќе ги стави сите расположиви капацитети, за да се нормализира издавањето на исправите, ако треба ќе се работи и ден и ноќ, и викендите.

За состојбите повторно го впери прстот кон премиерот Спасовски, за кого оддржа и прес- конференција пред обвинителството. Тој обвинува дека владата укинала 5 решенија, а фигурираат уште 120 за кои немало одлука од владата. Затоа, тој побара од Обвинителството да преземе дејствија за утврдување на фактите дали Спасовски направил кривично дело- фалсификување исправа и злоупотреба на службена положба.

За да не дојде до инциденти во министертсвото, Чулев наредил на прераспоредените да е вратат на своите стари работни места.

 

Фиљана Кока