Полициска акција во скопски Крушопек поради трговија со дрога

20.02.2020 09:38

Информацијата ја потврди и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој на социјалните мрежи соопшти дека во селото бил преземен широк спектар на оперативни мерки и активности.

Синоќа голема полициска акција во скопски Крушопек поради недозволена трговија со дрога, како дел од меѓународна акција, во која бил запленет над еден тон дрога. Информацијата ја потврди и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој на социјалните мрежи соопшти дека во селото бил преземен широк спектар на оперативни мерки и активности.

Според медиумите, во Италија за шверцот бил уапсен 42-годишен Албанец. Италијанската полиција од вкупната пратка од 1,3 тони, со вредност од 120 милиони евра, еден килограм испратила за Македонија, за да се види крајната дестинација.

Кокаинот од Колумбија преку Италија, Црна Гора и Албанија, преку граничниот премин Ќафасан, стигнал до Крушопек, Општина Сарај. МВР повеќе детали најави во текот на денот.