Ново рочиште за случајот „Рекет“
Предходните денови Обвинителството ги презентираше своите докази, а на двапати зад затворени врати се слушаа аудио разговорите обезбедени од осудениот Зоран Милевски и од ПИ-мерките.
Во скопскиот Кривичен суд, продолжува рочиштето за случајот „Рекет“ со сослушување на сведоци на првообвинетиот Бојан Јовановски. Предходните денови Обвинителството ги презентираше своите докази, а на двапати зад затворени врати се слушаа аудио разговорите обезбедени од осудениот Зоран Милевски и од ПИ-мерките.
Обвинетите Јанева и Јовановски бараа новинарите да останат во судницата. Судијката напомена дека- не, јавноста, туку судот, го има последниот збор на рочиштето.
Од МВР потврдија дека се користеле ПИ-мерки за обвинетите во „Рекет“, но сите обезбедени материјали биле во рацете на Обвинителството.
Рускоска објасни дека не добиле тонски снимки и ако МВР има такви материјали, веднаш да ги достави и ќе бидат изведени како докази.
