Земјоделство

Подобрување на инфраструктурата и пристапот до обработливите површини

20.02.2020 10:28

Центрите за развој на планските региони, можат да конкурираат на јавниот повик за поддршка на проекти за подобрување на инфраструктурата и пристапот до обработливите површини во подрачја со поголема земјоделска дејност. Заинтересираните субјекти имаат право на по 2 милиони денари по корисник. Повикот трае до 25-ти февруари...

Претпријатијата и центрите за развој на планските региони можат да побараат до 2 милиони денари за покривање на трошоците за изведба на проекти кои ќе имаат за цел подобрување на патната инфраструктура во подрачјата со обработливи површини и со земјоделска дејност.

Еден корисник може да поднесе само едно барање за средствата од оваа програма за годинава. Барањето со документацијата се доставува до ресорниот сектор, а постапката за избор ќе ја спроведува комисија.

Крајниот рок за доставување на барањето е најдоцна до 25 февруари 2020 година. Барањата кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Главната цел е да се подобри руралната патна инфраструктура, која е предуслов за развој на земјоделството. Ефикасното искористување на овие средства ќе придонесе за руралниот развој и создавање на подобри услови за живот во овие средини.

 

Методија Трајков