Јубилеј на МПЦО „Св. Наум Охридски“ - Малме
47 години од формирањето и 12 години од преселувањето во новата црква. Литургии, крштевања, венчавања, организирани настани. Во црквата веќе е присутна и втората генерација нови поколенија...

МПЦО „Свети Наум Охридски“ од Малме, Шведска, прослави значаен јубилеј- 47 години од формирањето.
Уште еден датум е значаен за оваа македонска православна црковна општина во Шведска- 12 години од преселувањето во новата црква.
Сиве овие години, исполнети со богат црковен живот и Словото Божјо на мајчин, македонски јазик. Литургии, крштевања, венчавања, организирани настани. Во црквата веќе е присутна и втората генерација нови поколенија.
Оваа црковна општина го оддржа и своето годишно Собрание, при што е избран и нов Црковен Управен одбор. Притоа, е искажана и благодарност кон свештеникот Блажо Кожарски, кој веќе 35 години е во црквата во Малме.
