Кина тврди- опаѓа бројот на заболени од Коронавирусот

20.02.2020 11:52

Националната здравствена комисија на Кина пријави 628 нови случаи во централната провинција Хубеј, што се смета за епицентар на епидемијата и 45 случаи на други места во земјата.

Кинеските власти тврдат дека опаѓа бројот на нови случаи на Коронавирус. Но, статистиката покажува дека расте бројот на смртни случаи.

Националната здравствена комисија на Кина пријави 628 нови случаи во централната провинција Хубеј, што се смета за епицентар на епидемијата и 45 случаи на други места во земјата.

Тоа е најмал број на нови случаи за скоро еден месец. Во меѓувреме, по 14-дневниот карантин, патниците од крузерот во Јапонија почнаа да си заминуваат од бродот „Дајмонд Принцес“.