Општината олеснета за 70 илјади евра
Полицискиот сектор Берово поднесе кривична пријава против педесетгодишниот Ј.С., поранешен градоначалник на општина Пехчево

Полицискиот сектор Берово поднесе кривична пријава против педесетгодишниот Ј.С., поранешен градоначалник на општина Пехчево, поради „злоупотреба на службената положба и овластување“. Лани, злоупотребувајќи го Законот за јавни набавки пријавениот во 18 случаи од повеќе правни лица набавил телекомункациски услуги, нафта и нафтени деривати, а нарачували и угостителски услуги, рекламирање, хортикултурно уредување, компјутери и компјутерска опрема, без соодветна законска постапка. Екс-градоначалникот со ова овозможил фирмите бесправно да се збогатат со 4.339.940 денари(околу 70 илјади евра), истовремено оштетувајќи го и општинскиот буџет.
