Нова платформа за јавниот долг
Јавниот долг е стабилен и изнесува 48,9 проценти од бруто домашниот производ- велат од Министерството за финансии. За поголема транспарентност промовирана платформата која дава податоци за за движењето на јавниот долг и за хартиите од вредност.
Од денес граѓаните имаат можност да се информираат за јавниот долг преку новата алатка за транспарентност javendolg.open.finance.gov.mk, која ја изработи Министерството за финансии со поддршка на ИРИ и УСАИД. На страната се детално прикажани долгот, неговото движење по години, раздолжувањата, повлекувањата за 2020 и како ќе се финансира.
Министерката за финансии Нина Ангеловска на јавната презентација на платформата посочи дека преку целосна фискална транспарентност, граѓаните ќе можат да ги препознаат непотполните и лажни вести кои се злоупотребуваат за политичко поентирање.
Со ваквото лесно разбирливо претставување на податоците за јавниот долг, убедени сме дека ќе придонесеме кон намалување на заблудите кои постојат во однос на задолжувањето, нивото и одржливоста на јавниот долг, а воедно ќе придонесеме и кон финансиска едукација на широката јавност - рече министрката Ангеловска.
Платформата се состои од пет дела: јавниот долг и компонентите од кои се состои, движењето на долгот по години, финансирањето на јавниот долг во 2020, издавањето на хартии од вредност и едукативен дел.
