МРТ: Реакција на наводите на Радмила Шеќеринска
Јавниот сервис ги негира наводите на вицепремиерката и министерка за одбрана Шеќеринска и соопштува дека во заклучоците на ОБСЕ/ОДИХР се вели дека Јавниот радиодифузен сервис известувал непристрасно...

Македонската телевизија реагира на наводите на вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска изнесени синоќа на дебата на приватна национална телевизија дека јавниот сервис не обезбедил еднакво покривање на кандидатите за претседателските избори во 2019.
Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, која е и заменик-претседател на СДСМ, повикувајќи се на извештај на ОБСЕ/ОДИХР за претседателските избори 2019, изјавува дека сите главни телевизии, со исклучок на МТВ 1 и уште два медиума, обезбедиле еднакво покривање на кандидатите.
Јавниот сервис ги негира ваквите наводи и соопштува дека во заклучоците на ОБСЕ/ОДИХР се вели дека Јавниот радиодифузен сервис известувал непристрасно и обезбедил соодветно покривање на активностите на претседателксите кандидати со претежно неутрално информирање.
Сметаме дека функционерите од која било политичка партија треба да бидат коректни во пласирањето информации за јавниот сервис, а особено кога се толкуваат извештаи на меѓународни организации.
